сабота, 19 октомври 2024

Мојсоски: Навивачите ни се мотивација, но и притисок

Објавено на

часот

Сподели

Настрана од врвната ѕвезда Кире Лазаров, Наумче Мојсоски (31) е еден од македонските клучни играчи. Во Лигата на шампионите тој е еден од најдобрите стрелци за Металург Скопје, а на Евро во Србија презеде голема одговорност. Вака ehf-euro.com го претстави Мојсоски пред европската јавност.

Македонската фаланга во Ниш е топ-тема во европските ракометни кулоари, затоа што сите се воодушевени од неверојатната поддршка за македонската репрезентација во салата „Чаир“.

„За нас ова Евро е како да играме дома. Навивачите се осми наш играч. Но покрај поддршката, тие и ставаат голем притисок врз нас, бидејќи очекуваат големи работи. Ние сѐ уште сме мала земја, која по 14 години, само вторпат игра на едно европско првенство. Навивачите многу ни помагаат, но нивните очекувања се преголеми“, вели Мојсоски.

Мојсоски на ова ЕПв постигна 12 гола, по четири во просек, и е на делба на 16. место на најдобри стрелци, но и греши, па е на делба на петтото место со просек од три загубени топки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ