понеделник, 9 декември 2024

Мојсоски: Ме плашат брзите контри на Шведска

Објавено на

часот

Сподели

Наумче Мојсоски

На паркетот се уигруваат тактичките замисли, а веќе се размислува и за првиот противник на континенталниот шампионат, Шведска.

„Одработивме добри подготовки на Златибор, каде што одигравме и еден солиден контролен дуел со Црна Гора. Акцент на подготовките е секако играта во одбрана. Мораме добро да се уиграме во тој дел и воедно противниците да ги спуштиме на што е можно помалку голови. Првиот противник Шведска игра брз ракомет. Нивниот стил на игра нам не ни одговара, затоа мора да одиграме на сигурни голови и да ги намалиме техничките грешки, за да не им дадеме шанса за брзи контри“, истакна еден од најдобрите стрелци во оваа сезона од Лигата на шампионите, Наумче Мојсоски.
В недела ракометните репрезентативци ќе ја одиграат втората контрола, и тоа со Србија, домаќинот на претстојното ЕП, кој ќе се одигра во Смедерево (18 ч.).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ