,,Дали почитуваната претседателка Силјановска ќе го потпише указот за измените на Законот за заштита на децата – кои беа донесени шверцерски, со кршење на Деловник, преку ненадлежна собраниска комисија?”, прашува пратеничката од Левица.
Мојсоска во објавата потенцира дека со измените на Законот за заштита на децата, за прв пат се воведуваат двојазични лиценци во градинките, врз основа на неуставен закон за двојазичност, со кој се крши унитарноста на Републиката. Пратеничката од Левица дополнува дека унитарноста е спротивна на паралелните иституции кои се градат со вакви дезинтеграциски закони.
,,За претседателката Силјановска, како истакнат професор по уставно право, треба да е доволно што овие двојазични лиценци се донесени со брутално кршење на процедурата и усвоени на собраниската комисија за енергетика, наместо на собраниската комисија за социјална политика. Односно, и лаик во правото знае дека измени на закон за лиценци за градинки не се носат на собраниска комисија за енергетика.
Дали професорката по уставно право ќе се одважи да не го потпише указот во име на владеењето на правото и заштитата на Уставот како највисок правен акт?” – пишува Мојсоска од Левица.