вторник, 18 март 2025

МОФ: Местото на студентите не смее да биде во сенка на министрите и ректорите

Колку вреди студентското достоинство, прашуваат од Младинскиот образовен форум (МОФ) откако вчера студентите на УКИМ Скопје се собраа пред платото на факултетите на општествени науки за да одадат почит кон настраданите во пожарот во Кочани, а на кој собир се обратија министерката за образование и наука Весна Јаневска и ректорката на УКИМ Билјана Ангелова што предизвика дел кај мнозинството присутни.

 

Објавено на

часот

Сподели

Студентското организирање во Македонија отсекогаш било синоним за достоинство, револуционерност и автентична борба за правда. Платото на УКИМ, најголемиот универзитет во земјава, со децении претставува свет простор на студентската мисла и отпор. Тоа е местото каде што генерации студенти храбро се спротивставуваа на неправдите, го креваа својот глас и храбро се бореа за своите права, често плаќајќи висока цена за своите идеали, велат од МОФ.

„Да си студентски лидер значи многу повеќе од формална функција или титула. Тоа значи да бидеш гласот на илјадници млади луѓе кои ти ја дале својата доверба. Тоа значи да ја браниш нивната слобода, достоинство и глас. Ви се обраќаме на вас, на студентските претставници! Вие не сте таму заради популарноста, а ниту заради министрите, ниту заради ректорите или политичарите. Вашето место не е во нивна сенка, туку во првите редови на студентската борба! Никој од центрите на моќ – ниту ректоратот, ниту министерството, ниту политичарите – никогаш нема да го чуваат вашиот грб. А вие не сте таму заради нив. Вие сте таму само и единствено само, заради студентите. Тие се вашата сила, и вашата единствена вистинска поддршка!“, се наведува во соопштението на МОФ.

Според МОФ вчерашниот собир не смеело и ниту еден нареден не смее да биде политизиран. Студентите не може и не смее да бидат предмет на калкулации или интереси.

„Студентскиот збор вреди онолку колку што ќе го браниме со страст, достоинство и непоколебливост. Затоа денес јавно прашуваме: Колку вреди студентското достоинство? Пред само еден месец одбележавме пет години откако го создадовме студентското организирање заедно со студентите. Движење кое произлезе од искрената желба за вистинско претставничко тело, што ќе ги застапува студентските интереси низ лавиринтите на факултетите, универзитетите и министерствата. Денес повеќе од кога било, е јасно дека ова тело мора повторно да биде она што беше замислено – независен глас кој ќе биде верен само на студентските идеали“, велат од МОФ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ