петок, 21 јуни 2024

„Моето име е Горан Стефановски” на 67-то „Стеријино позорје” во Нови Сад

Објавено на

часот

Сподели

Претставата е авторска адаптација од изборот на драми и монтажа на сцени од седум драми на Горан Стефановски напишани во период од 1987 до 2021 година („Црна дупка”, „Лонг плеј”, „Сараево”, „Казабалкан”, „Хотел Европа”, „Euroalian” и „Одисеј”)

Сценограф на претставата е Александар Дениќ, автор на музиката Влатко Стефановски. Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Биљана Драгиќевиќ – Пројкоска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов – Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска.

Ансамблот на Драмски театар-Скопје со ова гостување на 67-то „Стеријино позорје” ја продолжува повеќедецениската традицијата на успешни изведби и наградувани претстави на еден од најпрестижните театарски фестивали во регионот. Првото учество на Драмски театар Скопје на „Стеријино позорје” било во 1966 година со претставата „Богомилска балада”

Наградени претстави и поединци:

• 1967: Покојник – награда за најдобра претстава во целина- режија Љубиша Георгиевски;

• 1970: Адам и Ева и Јов – Крум Стојанов – награда за најдобро актерско остварување;

• 1975: Јане Задрогаз – Ѓорѓи Здравев – награда за најдобри костими; награда на тркалезната маса на критиката најдобра претстава во целина; Тодорка Кондова – награда за учество; Слободан Унковски – награда за млад театарски работник; Горан Стефановски – награда од Книжевна младина на Војводина за млад писател;

• 1980: Диво месо – награда за најдобра претстава во целина; Горан Стефановски, награда за оригинален драмски текст; Слободан Унковски – вонредна награда за режија; Благој Чоревски – награда за најдобро актерско остварување за улогата на Стеван Андреевиќ; награда за најдобра претстава од Тркалезната маса на критиката; Ненад Стојановски – награда за млад уметник за улогата Андреја Андеевиќ.

• 1982: Еригон – вонредна награда за најдобра претстава; Мери Бошкова – награда за најдобро актерско остварување за улогата на Мадам Дибуа; Драмски театар Скопје – Плакета за најчест гостин на Стеријино позорје, Нови Сад.

• 1984: Дупло дно – Милица Стојанова – награда најдобро актерско остварување за улогата на Параскева; Динка Јеричевиќ – награда за најдобра сценографија; Силвија Стојановска – награда за млад актер за улогата на Кристина.

• 1987: Р – Петар Темелковски – награда за најдобро актерско остварување за улогата на Максим Бродски; Ненад Милосаљевиќ – награда за најдобра епизода улога.

• 1989: Сили во воздухот – Снежана Стамеска – награда за најдобро актерско остварување за улогата на; Ненад Стојановски – награда за улогата на Миле; Благој Чоревски – награда за најдобра епизодна улога за улогата на Благоја; Небојша Ромчевиќ – награда од Стерииниот град Вршац за современа комедија.

• 1990: Кула вавилонска – награда за најдобра претстава; Слободан Унковски – награда за најдобра режија; Љиљана Богоевиќ – награда за најдобро актерско остварување за улогата на Рина; Марина Чутрурило – награда за најдобра сценографија; Драмски театар Скопје – награда за најчест гостин на Стеријино позорје, Нови Сад.

• 1991: Медеја – Ѓорѓи Јолевски – награда за најдобро актерско остварување за улогите во Медеја на Драмски театар Скопје и Подземна република на Народен Театар Битола; Вито Тауфер – вонредна награда за успешно афирмирање на амбиенталниот театар во претставата Медеја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ