сабота, 27 јули 2024
Анчелоти има интересен предлог за Хрватот

Модриќ добил необична понуда од Реал Мадрид

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Лука Модриќ добил необична понуда, Карло Анчелоти му предложил да стане дел од тренерскиот персонал доколку летоска се реши за пензија.

Објавено на

часот

Сподели

Минатото лето, Лука Модриќ имаше богата понуда за преселба во Саудиска Арабија, но ги одби милионите за да остане во Реал Мадрид.

Сепак, тој не ја добива посакуваната минутажа, па често се пишува дека фудбалерот од средниот ред не е задоволство и сериозно размислува за заминување од Мадрид.

Последните информации велат дека пред два месеци Лука Модриќ добил интересен предлог од Реал Мадрид, односно да стане дел од тренерскиот персонал на Карло Анчелоти доиколку летоска се реши за пензија.

Хрватот се заблагодарил, но порачал дека во моментов не е заинтересиран за една ваква улога, приоритет му е да продолжи да игра, и понатаму е гладен да се надигрува и да победува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ