Минатото лето, Лука Модриќ имаше богата понуда за преселба во Саудиска Арабија, но ги одби милионите за да остане во Реал Мадрид.
Сепак, тој не ја добива посакуваната минутажа, па често се пишува дека фудбалерот од средниот ред не е задоволство и сериозно размислува за заминување од Мадрид.
Последните информации велат дека пред два месеци Лука Модриќ добил интересен предлог од Реал Мадрид, односно да стане дел од тренерскиот персонал на Карло Анчелоти доиколку летоска се реши за пензија.
Хрватот се заблагодарил, но порачал дека во моментов не е заинтересиран за една ваква улога, приоритет му е да продолжи да игра, и понатаму е гладен да се надигрува и да победува.