Модриќ го продолжи договорот со Реал Мадрид, но почесто ги почнува натпреварите од клупата отколку што е стартер. Ова е нова ситуација за Хрватот која не му се допаѓа.
„Јасно е дека ова е нова ситуацијата за мене, да не играм колку што играв порано и колку што сакам“, вели Модриќ.
„Знаете дека јас секогаш сакам да играм, не сакам да имам паузи, не сакам да имам одмори, сакам само да играм, го сакам тоа“.
„Би можел да играм и на секои три дена бидејќи физички се чувствувам добро“.
„Се што се случува околу мене е нормален процес, па едноставно треба да го прифатам како таков. Треба психолошки да бидам подготвен за оваа ситуација. Да ја прифатам и да одам понатаму“.