Карим Бензема наместо да ја продолжи соработката со „кралевите“ е на добар пат да се пресели во Саудиска Арабија, напаѓачот добил предлог вреден преку 100 милиони евра по сезона.
Од Шпанија сега пристигнува информација дека сличен чекор повлекол и Лука Модриќ. Иако се сметаше дека новиот договор на Хрватот е практично завршена работа, фудбалерот од средниот ред ги известил „кралевите“ дека мора да замине, од Саудиска Арабија добил понуда тешка 120 милиони евра за три години.
Па натпреварот против Атлетик Билбао во недела треба да биде последен за Лука Модриќ во белиот дрес.