петок, 18 октомври 2024

МО: Сомнителна руска фирма сакала да набавува специфична опрема за АРМ

Сомнителна фирма со руски капитал се обидела да влезе на тендер за набавка на специфична опрема во Министерството за одбрана, посочија од Министерството на денешната средба со новинарите на кој беше присутна и министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата беше посочено дека фирмата е регистрирана во земја членка на Европската Унија (ЕУ) за да се прикаже како релевантна на пазарот, меѓутоа во постапката уште пред да биде направена безбедносната проверка, македонските разузнавачки служби алармирале дека станува збор за сомнителна руска фирма.

„Тоа беше индикативно, затоа што првата фаза која помина, понудата на оваа фирма беше од прилика скоро иста со останатите две фирми, значи не се разликуваше многу, може за некои стотина илјади евра, меѓутоа во втората фаза спуштија неверојатно ниско, скоро 50 отсто поевтина сума и тоа ни го потрврди сомнежот дека по секоја цена сакаат да го земат“, посочи Петровска.

Петровска вели дека според Кривичниот законик, нема основ фирмата да се гони за било кое кривично дело, но заштитата на безбедноста на државата треба да се крене на повисоко ниво.

„Правиме некои анализи веројатно ќе треба Законот за јавни набавки да се промени, затоа што во општиот закон, освен за законот од областа на одбраната и безбедноста, пишува дека најниската цена добива. Ние не можеме да си го дозволиме тоа, дури кога набавуваме и храна за Армијата, не можеме да си дозволиме најниска цена, затоа што треба да внимаваме на квалитетот, бидејќи ние набавуваме буквално сѐ“, вели Петровска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ