„Изразуваме жалење за недоразбирањата кои се случиле во текот на вчерашниот ден, при патувањето на претседателката на Република Косово Вјоса Османи на меѓународниот Аеродром во Скопје. Напоменуваме дека од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија во врска со вчерашниот настан веќе се побарани информации од сите надлежни институции. Откако ќе биде направена соодветна анализа на прибраните податоци во непосредна соработка со Министерството за внатрешни работи, ќе бидат преземени сите потребни активности и мерки, а со основна цел во иднина да се избегнат вакви или слични појави и ситуации“, пишува во реакцијата на МНР за случајот кој беше предизвикан од страна на Косово.
Се додава дека Македонија и Косово одржуваат позитивни и конструктивни билатерални односи и соработка, без отворени прашања и со искрен и континуиран дијалог на сите нивоа и во сите области.
Косово испрати протестна нота во македонските власти за брзо расчистување на инцидентот кој се случил на скопскиот аеродром. Меѓу другото, бараат и ваквите настани во иднина да не се повторуваат.