сабота, 27 јули 2024

МНР: Од 1 август во Израел само со ЕТА одобрение

Од 1 август 2024 година, државјаните на Македонија, кои планираат патување во државата Израел, задолжително ќе треба да пополнат формулар преку Системот за електронска авторизација (Electronic Authorization System – ETA ). Системот ќе биде отворен за аплицирање, почнувајќи од 1 јули и нема да биде овозможен влез во Израел од 1 август, без претходно одобрение од ЕТА.

Објавено на

часот

Сподели

На патниците без пополнета апликација и добиена авторизација нема да им биде дозволено качување на авиони кои летаат за Израел. Апликацијата ќе чини 25 израелски шекели (6,25 евра), а авторизацијата ќе има важност меѓу 90 дена и 2 години. Самата авторизација не подразбира дека се овозможува престој во Израел подолго од 90 дена.

Во случај на евентуални технички проблеми при аплицирање, отворена е електронска мејл адреса, на која може директно да се упати молба за појаснување: [email protected]

На следниот линк може да се најдат практични информации за самиот систем и аплицирањето: https://israel-entry.piba.gov.il/get-help/, соопшти македонското Министерство за надворешни работи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ