сабота, 27 јули 2024

МНР: Нема регистрирани повици за помош од наши државјани во Судан

Објавено на

часот

Сподели

Од МНР дополнуваат дека според досегашните информации добиени од македонската амбасада во Каиро, како надлежно дипломатско-конзуларно претставништво за Судан, во моментот нема наши државјани кои престојуваат во земјата.

„Во оваа прилика апелираме доколку има наши државјани кои се наоѓаат во територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата на Република Северна Македонија во Каиро на телефонскиот број +201033615542 и е-мејл адреса [email protected], како и Министерството за надворешни работи на СОС телефонот + 389 75 273 732 и следната емејл адреса [email protected]“, пишува во соопштението од МНР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ