четврток, 19 септември 2024

МНР наскоро ќе именува нови членови и во заедничката комисија со Грција

Во наредните недели ќе бидат сменети и членовите на интердисциплинарната Комисија на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, чие формирање беше предвидено со договорот од Преспа. Факт е дека тие досега и не завршиле некоја работа, брифираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија и додаваат дека на претстојното Генерално Собрание на ОН во Њујоркн ќе се одржи билатерална средба меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција. 

Објавено на

часот

Сподели

Минатата недела кадровски се промени составот на Мешовитата македонско – бугарска комисија за историски и образовни прашања. Премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека поважно од прашањето кога македонските и бугарските историчари ќе седнат на заедничка маса за да ја продолжат дебатата за спорните историски личности во македонските учебници, е разговорите да течат во добрососедски дух и да нема погрешни одлуки.

Извори од МНР додаваат дека шефот на дипломатијата и премиерот оваа недела во Брисел ќе имаат средби со лидери од регионот, но ќе остварат и билатерални средби со високи претставници на ЕУ, на кои, додаваат изворите, ќе ги презентираат „нашите клучни аргументи од гледна точка на стратешката определба на Владата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ