сабота, 27 јули 2024

МНР: Македонските државјани кои се во Израел да ги следат упатствата на безбедносните власти

Македонското министерство за надворешни работи според тоа што е јавено од амбасадата на Македонија во Тел Авив, информира дека седум државјани на Македонија се наоѓаат во градот Витлеем, на Западниот Брег кој што не е погоден од актуелните случувања во Израел.

Објавено на

часот

Сподели

„Во врска со сложената безбедносна ситуација во јужниот и централниот дел на Израел, Министерството за надворешни работи ги повикува граѓаните на Северна Македонија кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел.

За подетални информации околу актуелните состојби од МНР посочуваат на следната веб страница: https://www.oref.org.il/12481-en/Pakar.aspx

На располагање се СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Израел +972-54-926-7378“, соопшти министерството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ