Ова го велат од МНР по информациите дека амбасадорот во Рим, Весел Мемеди самоиницијативно до италијанските власти доставил нота во која ги известил дека и валидните патни исправи со името Република Македонија до 12 февруари се неважечки.
„По добиените сознанија за испратената нота до италијанското МНР, истата по дипломатски пат веднаш е отповикана, уште пред стапување во сила на наведениот рок за важноста на пасошите и со тоа, не предизвика никакви импликации“, стои во соопштението на МНР.
Министерството веќе спроведува интерна постапка за утврдување на одговорност за расчистување на случајот, додаваат оттаму.