сабота, 27 јули 2024

МНР: Двајца македонски државјани се наоѓаат во Појасот Газа, околу 100 бараат помош да го напуштат Израел

Двајца македонски државјани се наоѓаат во Појасот Газа и за нивно извлекување работи македонската амбасада во Каиро, додека околу 100 наши државјани, од околу 200 кои се наоѓаат во Израел, побарале помош да ја напуштат таа земја, од кои најголемиот дел се наоѓаат на безбедни локации, но дел се наоѓаат во местата каде се случија насилни дејства и се сметаат за небезбедни, информира Министерството за надворешни работи. Досега Израел го напуштиле 30 македонски државјани.

Објавено на

часот

Сподели

Уште десет македонски државјани го напуштија Израел, четворица со лет до Атина, петмина до Подгорица, а едно лице со лет до Истанбул. Заедно со оние кои претходно го сторија тоа, вкупната бројка македонски државјани кои во изминативе два дена го напуштија Израел, надмина 30, информира Министерството за надворешни работи и додава дека во координација со Амбасадата во Тел Авив работи на организирање на заминување од таа земја на уште околу 100 македонски државјани. Еден дел од нив веќе имаат обезбедено билети преку редовните летови кои се активни преку меѓународниот аеродром во Тел Авив кој е во целосна функција.

Дел се наоѓаат во подрачја кои беа опфатени со насилните дејствија и се сметаат за небезбедни, за што веќе е обезбеден внатрешен транспорт низ територијата на Израел за нивно префрлување на безбедна локација, од каде би можеле да бидат упатени кон дома. Меѓу нив се и двајца наши државјани во Појасот Газа, за чие извлекување е задолжена Амбасадата во Каиро, која е во директна комуникација со Министерството за надворешни работи на Египет.

Според проценките на кризниот штаб, на територијата на Израел престојуваат до 200 макеоднски државјани, од кои поголемиот дел е прецизно лоциран и редовно се одржува комуникација со нив,.

Министерството за надворешни работи информира дека изготви информација за состојбите во Израел, со проекција за наредните денови, која е доставена до Владата која одлучува за наредните чекори.

МВР апелира до нашите државјани во Израел да го следат Националниот портал за итни случаи (www.oref.org.il), односно тн. Home Front Command, специјализиран за цивилна заштита, кој излезе со нови препораки до населението, како и да се почитуваат сите други упатства на надлежните институции на Израел.

Македонското Министерството за надворешни работи на располагање ги има и двата СОС дежурни телефони – 075/ 273- 732 и 075/268-736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ