сабота, 27 јули 2024

МНР: Бугарија потврди дека е убиен македонски државјанин

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МНР, Амбасадата на Македонија во Софија продолжува да биде во редовна комуникација со надлежните органи во Бугарија, од кои се очекуваат повеќе информации во врска со случајот и за текот на постапката за целосно расчистување на случајот, за што МНР дополнително ќе ја информира јавноста.

„Воедно Амбасадата останува на располагање на семејството на починатиот граѓанин за евентуални потреби“, наведуваат од МНР.

Бугарските медиуми претходно, повикувајќи се на полицијата во Бургас, објавија дека 14-годишник е приведен за убиство на македонски државјанин во Сончев Брег. 

Телото на жртвата било откриено вчера во шумска област до местото „Бачата“. Утврдено е дека станува збор за 49-годишен македонски државјанин кој влегол во Бугарија преку граничниот премин Ѓуешево на 24 јануари годинава. 

Во истрагата полицијата утврдила дека убиството го извршило 14-годишно момче од Несебар откако ја претепал жртвата удирајќи ја со колец по главата. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ