понеделник, 4 март 2024

МНР бара решение за евакуација на осумчлено македонско семејство од Судан

Објавено на

часот

Сподели

„Министерството преку дипломатската мрежа во регионот е во постојана комуникација со колегите од пријателските земји, чии амбасади се сѐ уште активни на територијата на Судан. Информираме дека во тек се активности за да се обезбеди нивна скора евакуација, и трансфер на безбедна локација од каде подоцна би се обезбедил трансфер кон земјава. 

Во однос на четирите наши државјани кои претходно го напуштија Судан кон Саудиска Арабија, информираме дека истите се на безбедна локација, во добра здравствена состојба и наскоро ќе бидат вратени во земјава. 

Во оваа прилика го повторуваме нашиот апел доколку има наши државјани кои се наоѓаат во територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата на Република Северна Македонија во Каиро на телефон +201033615542 и е-мејл [email protected], Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби на следниот телефонски број +971 56 441 7532 и е-мејл адреса [email protected], како и Министерството за надворешни работи на СОС телефонот + 389 75 273 732 и емејл [email protected] “, се вели во информацијата на МНР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ