„Очекуваме дека преземените активности се во согласност со законските рамки на Република Србија, како и со европските и меѓународни стандарди за човекови права“, се наведува во соопштението на МНР.
Министерството исто така ја нагласи важноста од решавање на ваквите случаи преку дијалог.
„Искрено очекуваме овој случај да биде разрешен на соодветен начин, со добра волја од двете страни. Ова е од особено значење за задржување на пријателските и добрососедски односи помеѓу Македонија и Србија“, изјавија од Министерството за надворешни работи на Македонија и додадоа дека ќе ги искористат сите дипломатски канали за да обезбеди заштита на правата на македонските државјани.
Пред два дена Србија протера петмина хрватски државјани, а во групата протерани од Србија беше и Искра Росо, македонска државјанка, извршна директорка на здружението на граѓани Солем. Таа учествуваше на едукацијата на Ерсте фондацијата во Белград, а хрватските државјани присутни на оваа едукација, заедно со други учесници, беа протерани од Србија.