сабота, 27 јули 2024
Суперкуп на Шпанија

Многу пресврти и дури ОСУМ погодоци, Реал преку Атлетико во финалето на Суперкупот (ВИДЕО)

Реал Мадрид се пласираше во финалето на Суперкупот на Шпанија, „кралевите“ вечерва по продолженија го совладаа градскиот ривал Атлетико Мадрид со 5-3.

Објавено на

часот

Сподели

Реал и Атлетико приредија спектал во Саудиска Арабија во полуфиналето во Суперкупот на Шпанија, љубителите на фудбалот видоа многу пресврти, 120 минути борба и дури 8 погодоци.

Избраниците на Симеоне поведоа во 6. минута, Ермосо по еден корнер донесе 0-1. Но по само половина час игра, „кралевите“ го свртеа резултатот во своја корист и со головите на Ридигер и Менди стигнаа до 2-1.

Во 37. минута следуваше мајсторија на Гризман, Французинот се ослободи од неколку противници и биеше прецизно од врвот на шеснаесетникот за 2-2.

Атлетико се врати во предност во 78. минута, Ридигер лошо се разбра со Кепа и си ја затресе сопствената мрежа за 2-3.

Но Дани Карвахал се погрижи мечот да оди во продолженија, прв стигна до една одбиена топка и погоди за 3-3 во 85. минута.

Во додатните половина час, несреќниот Савиќ го измами својот голман по еден удар со глава на Хоселу за 4-3, а кога Атлетико фрли се на една карта, Диаз во 122. минута стави точка на натпреварот и го потврди билетот на Реал во финале.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ