сабота, 27 јули 2024

Многу поголеми се реалните бројки на голема кашлица, вели д-р Ставриќ

Реалните бројки на пертусис (голема кашлица) во земјава сигурно не се 22 или 26, туку се многу повеќе, истакна проф. д-р Катерина Ставриќ, детски имунолог, во денешното издание на Топ тема на Телма ТВ.

Објавено на

часот

Сподели

„Сигурно дека овие 26 случаи се разболеле во контакт со домашните, во градинка или во училиште. Затоа бројот на заболени лица е многу поголем. Но, главно, малата возраст, децата под пет години се тие кои се најчесто дијагностицирани, бидејќи тие пројавуваат потешка клиничка слика. Поголемите деца, повозрасните, можеби се вакцинирани лица со ослабен имунитет, меѓутоа доволен за да даде една лесна клиничка слика која за нив можеби и не е препозната дека е пертусис, туку можеби е сфатена како друга вирусна инфекција“, вели Ставриќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ