сабота, 27 јули 2024

Многу Германци по заминувањето во пензија ги чека непријатно изненадување

Кога луѓето ќе влезат во средно доба, често желно ја исчекуваат пензијата. Меѓутоа, повеќето ги чека остро приспособување кон послабите примања од тоа на што сметале. Имено, четири петтини пензионери на возраст од 63-70 години мораат значително да ја приспособат потрошувачката.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Повеќето од половината од нив, 55 отсто, мораат значително да ги променат навиките, укажува анкетата објавена во средата, која осигурувањето на ХДИ ја порача од институтот Југов.

Помалку од петтина нови пензионери во Германија кажале дека живеат така како што планирале. .

Притоа, пензионерките мораат повеќе да го стегаат ременот – 44 отсто од нив кажале дека не успеваат да го зачуваат стандардот ниту со поголеми откажувања, наспроти 34 отсто пензионери.

„Очекувавме дека еден дел од вработените по заминувањето во пензија се соочуваат со стеснет простор за финансиско маневрирање“, рече директорот на ХДИ во Германија Јенс Варкентин.

„Меѓутоа, нè изненади колкумина од нив не можат да го зачуваат животниот стандард, додаде тој.

Истото ги изненадува и новите пензионери. Секој втор им кажал на анкетарите дека очекувал повисока пензија. Главно, 55 од нив ги потцениле социјалните давачки.

Каде најмногу штедат новите пензионери? На автомобилот и на одморот.

Имено, секој втор пензионер се префрла во послаб автомобил. 52 отсто од нив се откажуваат од патувањата надвор од Европа, а 16 отсто ги бришат и еднодневните излети.

Речиси три петтини од луѓето по заминувањето во пензија престануваат да излегуваат во ресторан.

Југов за истражувањето во февруари анкетирал 1.053 пензионерки и пензионери на возраст меѓу 63 и 70 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ