петок, 27 декември 2024
Извештај на омбудсманот

Многу деца наместо да одат на училиште питачат по улиците, сиромаштијата главен фактор

Деца на многу мала возраст, а најголем број од нив на училишна возраст не одат на училиште, а и оние што се запишани преку Дневните центри за деца во социјален ризик не се редовни на настава и многу често наместо во училиште се упатуваат на крстосниците, каде го поминуваат денот во питачење. Ова, меѓудругото го констатира народниот правобранител, а е честа слика односно секојдневие кое постојано го гледаме низ главниот град.

Фото: МКД

Објавено на

часот

Сподели

„Во повеќе градови во државата има деца кои питачат, при што дел од нив, според Центрите за социјална работа, транзитираат од еден во друг град, сами или со други членови на семејството, со цел да се занимаваат со питачење. Согледувајќи ги перцепциите на децата и во разговор со родителите/старателите и други возрасни лица, народниот правобранител констатираше дека сиромаштијата, субстандардните живеалишта без основни услови за живот, невработеноста и немањето средства за егзистенција се причина за опстојувањето на оваа негативна и штетна појава која влијае врз правилниот раст и развој на децата, кои на улица питачат за да ги прехранат семејствата“, велат од кај омбудсманот.

Кон крајот на минатата година министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска рече дека питачењето на децата е појава која не може да се сузбие за еден ден, но може да се намали присутноста на децата на улица барем на раскрсниците.

„Имаме протокол за меѓусекторско постапување, односно за постапување на центрите за социјална работа, со министерот за внатрешни работи. Верувам дека колегите од центрите за социјална работа, интервентните тимови се постојано на терен“, рече Тренчевска тогаш.

Тимовите на МТСП, според неа разговараат со родителите, да се зајакне нивната свест за да децата наместо на улица ги пуштат во процесот на образование којшто ги тргнува од улицата и ги прави еден ден да бидат граѓани коишто самите заработуваат за егзистенција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ