четврток, 29 февруари 2024

ММФ прогнозира раст на македонската економија од 1,4 отсто, догодина за 3,6%

Објавено на

часот

Сподели

По двоцифрените стапки во 2022, годинава инфлацијата во земјава ќе забави и ќе изнесува 9,2 отсто.

Од земјите во регинот, највисок економски раст годинава ќе забележат Косово 3,5 и Црна Гора 3,2 отсто. БДП на Грција ќе се зголеми за 2,6 проценти, на Албанија за 2,2, на Србија и на Босна и Херцеговина за 2,0, на Хрватска 1,7 и на Бугарија за 1,4 отсто.

 

На глобално ниво ММФ годинава не очекува рецесија, туку раст од 2,8 отсто во однос на 2022. Фондот не очекува рецесија ниту во САД, прогнозирајќи раст од 1,6 отсто.

Еврозоната ќе забележи раст од 0,8 проценти, но со пад на најголемата европска економија – германската од 0,1 отсто.

Попозитивни се проекциите на ММФ за азиските економии. БДП на Кина годинава ќе се зголеми за 5,2 отсто, Индија ќе забележи раст ио 5,9 отсто, а над пет проценти ќе „одат“ и Виетнам, Индонезија и Филипини.

Рецесија не се предвидува ниту во Јапонија (раст од 1,3 отсто), како ни во Русија, за која ММФ лани прогнозираше пад на економската активност од 2,1 отсто, а сега најавува раст од 0,7 отсто за 2023 година.

Глобалната инфлација ќе се намали, иако побавно од првично предвиденото, од 8,7 отсто минатата година на 7 проценти оваа година и на 4,9 во 2024, се наведува во прогнозата на ММФ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ