петок, 27 декември 2024

ММФ очекува војната во Украина да заврши на крајот на 2025 година или во 2026

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објави две можни економски сценарија за Украина, од кои произлегува дека војната во таа земја би можела да заврши кон крајот на следната година или кон средината на 2026 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Основното сценарио претпоставува дека војната во Украина ќе заврши до крајот на 2025 година, додека негативното сценарио предвидува дека конфликтите ќе продолжат до средината на 2026 година, што значително ќе влијае на економската стабилност на земјата.

Според основното сценарио, БДП на Украина се очекува да порасне за четири отсто во 2024 година, додека инфлацијата ќе се зголеми на десет отсто поради фактори како што се растот на цените на храната и падот на вредноста на украинската гривна, пишува Киев индипендент.

За 2025 година, се прогнозира дека БДП на Украина ќе расте во опсег од 2,5 до 3,5 проценти, што ќе го одрази подобрениот енергетски капацитет и зголемените приходи поради намалувањето на ценовните притисоци.

Негативното сценарио предвидува подолга војна и подлабоки економски шокови во Украина, побавно економско закрепнување, повисока инфлација и фискален дефицит што ќе надмине 20 отсто до 2026 година.

На 21 декември ММФ го заврши својот шести преглед на Програмата во рамките на Проширениот механизам за финансирање на ЕФФ за Украина, одобрувајќи дополнителни 1,1 милијарда американски долари за Киев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ