сабота, 27 јули 2024

ММФ договори нов заем за Украина од 2,2 милијарди долари

Меѓународниот монетарен фонд објави дека со Украина договорил кредит од 2,2 милијарди долари.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Страните постигнале договор за четврта ревизија на четиригодишниот аранжман Екстендед фанд (ЕФФ), се наведува во соопштението на ММФ.

ЕФФ аранжманот од 48 месеци, кој беше одобрен во март минатата година, овозможува пристап до околу 15,6 милијарди долари и е дел од пакетот за поддршка вреден 122 милијарди долари за земјата.

„Сите квантитативни критериуми за успешност се исполнети, а мерилата на структурната ревизија се или исполнети или имплементирани со кратко доцнење“, се наведува во соопштението, додавајќи дека исто така се постигнати договори за ажуриран збир на економски и финансиски политики за одржување на макроекономската стабилност и напредокот на економските реформи.

Украинската економија постигнала отпорен раст, а дезинфлацијата продолжила за време на првиот квартал оваа година, објави ММФ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ