понеделник, 21 октомври 2024

ММФ: Американските проблеми со сервисирањето на долгот би ја погодиле и глобалната економија

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден и претседавачот на долниот дом на Конгресот, републиканецот Кевин Макарти се сретнаа за првпат во три месеци за да разговараат за кревање на плафонот на државното задолжување, кој во моментов изнесува 31,4 билиони американски долари.

Преговорите почнаа во средата, а републиканците и понатаму инсистираат на намалување на трошењето, додека министерката за финансии Џенет Јелен предупреди дека, ако Конгресот на го крене плафонот, проблеми со плаќањето ќе се појават уште во јуни.

Се стравува дека во таква ситуација американската економија би можела да лизне во рецесија, на што предупреди и ММФ, додавајќи дека последиците би се почувствувале во целиот свет.

ММФ не може во овој момент со бројка да го одреди влијанието на таквото сценарио во САД на растот на светската економија, додаде во четвртокот портпаролката на ММФ Џули Козак.

ММФ во април процени дека светската економија оваа година ќе порасне за 2,8 отсто, но истакна дека подлабоки превирања на финансиските пазари, обележани со остар пад на цените на имотот и намалено банкарско кредитирање, би можеле да го закочат растот на активностите на само еден отсто.

Една од последиците на американските проблеми со плаќањето и пошироката нестабилност во светската економија би можело да биде кревањето на камтните стапки, наведе Козак.

„Би сакале да избегнеме толку сериозни последици и затоа повторно ги повикувам страните да се сретнат, да постигнат консензус и што побрзо да го решат проблемот“, порача Козак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ