сабота, 27 јули 2024

ММА борец е убиен во центарот на Белград

Српскиот репрезентативец и освојувач на бронзен медал на Светско првенство во ММА, Стефан Савиќ бил убиен во Белград од неколку напаѓачи.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од Србија, во 1 часот по полноќ две момчиња биле донесени во Ургентниот центар со убоди во телата.

Стефан Савиќ им подлегнал на повредите, додека кај млад човек кој бил со него се констатирани убоди на градниот кош и левата натколеница, но тој успеал да се спаси.

Наводно тие биле нападнати од две лица од кои едниот со нож ги избодел двајцата.

„Со огромно жалење ве известуваме дека во раните утрински часови трагично почина нашиот млад репрезентативец Стефан Савиќ. ММА борец со неверојатен талент и посветеност, засекогаш ќе остане запишан во историјата со освојувањето на бронзениот медал“, соопшти ММА сојузот на Србија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ