сабота, 27 јули 2024
Кавадарци

Младите учат како од отпад од текстил и храна да направат еколошка козметика и средства за хигиена

„Млади од Кавадарци учат како да реупотребуваат отпад од текстил и храна, во склоп на проектот насловен ‘Втора шанса’“ информираше попладнево Роберто Паризов, претседател на регионалното друштво за заштита на животната средина, „Еко – живот“. Тој појасни дека проектот има за цел подигање на свеста на младите за реупотреба на отпадот од текстил и храна како и користење и производство на еколошка козметика и средства за хигиена во домашни услови. 

Објавено на

часот

Сподели

„Активностите се дел од проект за млади на нашето друштво, во рамките на Еразмус + програмата. Вчера имавме завршни активности во НВО Инфо центарот во Кавадарци. Партнери во проектот се ‘Еко – живот’,  ‘Адел’ од Словачка и ‘Креактив’ од Полска“, додаде Паризов. 

Тој нагласи дека со реупотребата на текстил и храна, се намалува отпадот и превентивно се влијае врз зачувувањето на чиста и здрава животна средина. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ