понеделник, 21 октомври 2024

Младите не се вклучени во носењето на одлуките, а насилството во пораст, предупредува ОБСЕ

Голем број на млади лица во Македонија се чувствуваат исклучени од процесите на носење одлуки и им недостасува доверба во институционалните одговори, се вели во извештајот на ОБСЕ  „Перцепции, ставови и предизвици на младите во Северна Македонија“ кој денеска беше презентиран во Скопје. Наодите на истражувањето исто така ја истакнуваат загрижувачката распространетост на насилство кај младите, посебно помеѓу младите жени и девојчиња, подвлекувајќи ја потребата за родово сензитивен пристап при креирањето политики.

Фото: Амбасадорот на ОБСЕ, Килиан Вал

Објавено на

часот

Сподели

Денеска Мисијата на ОБСЕ во Скопје презентираше ги наодите од истражувањето ја истакна клучната важност на улогата на младите во обликувањето на безбедносниот и сигурносниот пејзаж на државата.

Амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, го отвори настанот подвлекувајќи ја посветеноста на Мисијата кон младите и истакнувајќи ја важноста од вклученоста на младите во напорите за мир и безбедност.

„Мисијата на ОБСЕ во Скопје ги поддржува младите низ сите димензии на нашата работа, опремувајќи ги со вештините кои им се потребни, давајќи им платформи да го кренат својот глас и работејќи со нив со цел да се обрне внимание на прашања кои им пречат. Гласовите на младите се важни во одржувањето на мирот и безбедноста“, изјави амбасадорот Вал.

Тој истакна дека истражувањето ја покажува клучната важност на вклученоста на младите не само за да се вклучат нивните перспективи, туку да бидат активно ангажирани во идентификувањето и обраќањето внимание на безбедносните ризици на локално и национално ниво.

„Заедно со институциите на државата, младите мора да бидат дел од процесот, да обрнат внимание на овие прашања и да дизајнираат решенија. Ова истражува прави обид да биде повеќе од само една колекција и анализа на податоци, туку тоа е повик за дејствување“, додаде Вал.

Истражувањето содржи детална анализа на младинските перспективи во однос на безбедносни прашања, вклучително и насилство, сајбер-малтретирање и маргинализација.

По презентацијата следеше и панел-дискусија, на која учествуваа клучни засегнати страни како заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исеини, претседателот на Младинскиот образовен форум, Ристо Савески и заменик-претседателот на Унијата на средношколци, Ива Трпески. Панелистите зборуваа за начините кои може да ги подобрат перцепциите на младите за безбедност и да го подобрат дијалогот помеѓу младите луѓе и властите.

Овој настан е клучен чекор кон спроведувањето на Националната стратегија за млади (2023-2027) и нејзиниот Акциски план.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје соопшти дека останува посветена на соработување со националните институции да развијат ефективни механизми за спречување и обраќање внимание на насилство кај младите и за зајакнување на младинската вклученост во безбедносните работи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ