сабота, 27 јули 2024
Министерката за труд потврди

Младите на возраст до 23 години кои работат во производство имаат право на додаток од 3.000 денари месечно

Објавено на

часот

Сподели

Целта на посетата на компанијата, како што рече министерката,  беше да се сретне со млади лица кои работат во производство и лично да го промовира Законот за младински додаток.

Управничката на компанијата, Владанка Трајковска ја информираше министерката дека моментално во компанијата има вработени вкупно 5 млади лица до 29 години, додека 4 од нив се до 23 години. Едно од лицата веќе 3 години, односно од денот на вработување во Раде Кончар го користи правото на младински додаток.

Министерката за време на нејзината посета во погоните за работа разговараше со вработените кои не ја искористиле мерката за младински додаток и ги советуваше за чекорите до користење на надоместокот од 3.000 денари. Од страна на младите беше прифатен ваквиот пристап на информирање на министерката и беше покажан интерес за аплицирање и остварување на ова право.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ