петок, 18 октомври 2024

Младите македонските тенисери без багаж стигнаа во Чешка

Објавено на

часот

Сподели

Македонските тенисери пристигнале на местото на одигрување на турнирот, но не пристигнал и нивниот багаж. 

И покрај непосакуваните проблеми, нашите тенисери одржале тренинг во пресрет на турнирот кој почнува утре откако ја купиле опремата која им недостасувала.

Од утре (понеделник) стартуваат Европските првенства во младински категории. Македонија ќе има свои претставници на првенствата во конкуренција на тенисери и тенисерки до 14 и до 18 години. Шампионатот до 16 години е откажан од страна на организаторите бидејќи ова првенство традиционално се одржуваше во Русија, а поради војната во Украина првенството не се игра (лани се одигра во Чешка , но само за една година).

Под водство на капитенот Владимир Чубриноски во Мост, Чешка ќе играат: Сара Митевска и Миа Спировска кај девојчињата и Горјан Вукичевиќ и Матеј Попов кај момчињата. Тие се нашите претставници на шампионатот до 14 години.

Тимот до 18 години го сочинуваат: Марко Стоилковски и Лука Симиќ, кај момчињата и Ива Данева и Ивана Милкова кај девојчињата. Улогата на капитен ја има јуниорскиот асистент Тања Стојановска. Мечевите ќе се играат во швајцарскиот град Клостерс.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ