петок, 18 октомври 2024

Младиот Верушевски ќе биде гонет за обид за убиство

Објавено на

часот

Сподели


Во инцидентот беа ранети три лица од кои два со огнено оружје, а едно лице беше повредено со убоди од нож.

Како што дознаваме од полициски извори, младиот Верушевски ќе добие кривична пријава од полицијата за обид за убиство и нелегално поседување оружје.

Засега не се познати мотивите на пресметката, но покрај Верушевски кривични пријави за обид за убиство ќе добијат уште и Михајло Наневски и Власе Танасковски, а Дарко Гошиќ, Лазе Лошкоски и Гоце Скепаровски ќе бидат обвинети за загрозување на безбедноста со огнено оружје.

Скепаровски, и покрај тоа што бил хоспитализиран во струшката болница поради повреди од нож, успеал да побегне од болницата, но по кратко време по бегството ѝ се предал на полицијата.
Полицијата завчера изврши претрес во стан во Струга во кој престојувал Александар Верушевски и пронајде куршуми, непозната прашкаста материја и таблети.
Младиот Верушевски пред неколку години беше осуден на две години затвор за изнуда и за нелегално поседување оружје.
Бранко Црвенковски, лидерот на СДСМ, кога беше претседател во 2007 година, го помилува Александар Верушевски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ