сабота, 19 октомври 2024

Младинките поразени на стартот на ЕП, загубивме од Црна Гора

Објавено на

часот

Сподели

Македонија со пораз го отвори Европското првенство кое се одржува во Романија. Избраничките на Јулија Дамчевска беа одлични во поголем дел од првото полувреме, но во финишот паднаа, Црна Гора тогаш направи разлика и на одморот замина со 19-16.

Во вториот дел Македонија не успеваше да се врати, Црногорките во еден момент имаа и највисоки шест гола разлика, на крајот загубивме со четири, 33-29.

Најефикасни во нашиот состав беа Стефановска и Јанкуловска со по шест голови, по четири дадоа Дукоска и Борјана Коцева.

Утре со почеток од 16:30 часот Македонија игра против Данска која денеска со 36-26 ја совлада Чешка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ