Македонија го освои првото место во Групата А, имаме ист број на бодови како и Чешка и Бугарија, три победи и еден пораз, но подобра кош разлика.
Денеска славевме рутински триумф против селекцијата на Ирска кои пружија отпор само во првата четвртина која ја добија со 18-12. Разликата во класи беше видлива во вториот период кој го добивме со 27-9. На полувремето имавме предност од 12 поени, 39-27. До крајот ја задржавме предноста за конечна победа од 77-66.
Најефикасен и на овој меч беше Теодор Симиќ со 17 поени, Амар Хот реализираше 15, а двоцифрен беше и Филип Наков со 10 поени.
Во четвртфиналето во петок играме против Велика Британија, мечот е закажан за 18:30 часот во СРЦ Кале.