сабота, 27 јули 2024

Млади за Македонија: Поддршка за партиите од ЕФА во Шпанија и Франција за Европскиот парламент

Организацијата Млади за Македонија и други македонски здруженија даваат отворена поддршка на неколку политички партии од Франција и Шпанија за Европскиот парламент кои до сега покажаа особен интерес за неправдите кон Македонците во Грција, Бугарија и Албанија и за геноцидниот Преспански договор.

Објавено на

часот

Сподели

Млади за Македонија отворено дава поддршка на коалицијата Ahora Repúblicas, предводена од Републиканска левица на Каталонија – (ERC Esquerra), Галицискиот националистички блок (BNG) и коалицијата EH Bildu. „Овие политички партии од Шпанија се членки на Европската слободна алијанса, единствената европска политичка партија која е против геноцидниот Преспански договор и се бори за правата на Македонците во Егејска и Пиринска Македонија, Голо Брдо, Мала Преспа и Гора.

Ги повикуваме Македонците во Франција, малцинства во Франција и сите слободољубни француски граѓани, на изборите во Европарламентот да го дадат својот глас за коалицијата Régions et Peuples Solidaires, кои настапуваат под коалицијата Europe Territoires Écologies предводена од Guillaume Lacroix и Lydie Massard од UDB. Коалицијата моментално има 2 европратеника Lydie Massard и François Alfonsi и се бори за правото на самоопределување.

Партиите од од Шпанија имаат изразено про-македонски позиции и ги поддржуваат Македонците. Нивната пратеничка Ана Миранда е голем поддржувач и пријател на Македонија, а во 2016 допатува во Мелник на чествувањето на гробот на Јане Сандански. Ана Миранда повеќе пати во Европскиот парламент поставуваше прашања за правата на Македонците во Бугарија. Лорена Лопез де Лакале, членка на EH Bildu (и претседателка на EFA) на 4 мај, роденденот на Гоце Делчев, ги посети Македонците од Пиринска Македонија. Џозеф-Мариа Терикабрас од  Републиканска левица на Каталонија – (ERC Esquerra), повеќе пати пред Европскиот парламент го претстави немањето на човекови права за Македонците во Пиринска и Егејска Македонија, јавно застана против Преспанскиот договор и промената на името Македонија и ги заштитуваше македонските анти-владини активисти.

Во најтешките моменти за нашата татковина Македонија, во моментите на промена на нашето име и угнетувањето на нашиот македонски народ во Егејска и Пиринска Македонија, нашите пријатели од Европската слободна алијанса, од Каталонија, Баскија и Галиција беа со нашиот македонски народ. Затоа повикуваме на поддршка за коалицијата со Ahora Repúblicas, и на Ана Миранда, Пернандо Барена и Диана Риба.

Гласот за Ahora Repúblicas, е глас за Македонија и глас за почитување на човековото право на Македонците, но и за сите малцинства во Шпанија.

Коалицијата на Régions et Peuples Solidaires од Франција е составена од  политичките партии Femu a Corsica, Union Démocratique Bretonne (UDB), Partit Occitan, Unser Land, Mouvement région Savoie – MRS и Unitat Catalana. Овие политички партии се членки на Европската слободна алијанса, единствената европска политичка партија која е против геноцидниот Преспански договор и се бори за правата на Македонците во Егејска и Пиринска Македонија, Голо Брдо, Мала Преспа и Гора.

Партиите од Régions et Peuples Solidaires секогаш имаа про-македонски позиции и ги поддржуваат Македонците. Уште во 1994 година, европратеникот Max Simeoni од Корзика ги покани Македонците од Егејска Македонија во Европскиот Парламент и го поддржа формирањето на партијата на Македонците во Егејска Македонија Виножито, а подоцна дојде и лично во Лерин за да ги поддржи Македонците во Егејска Македонија. Шефот на неговиот кабинет François Alfonsi во неколку наврати праќаше писма до раководството на ЕУ барајќи признавање на Македонците во Пиринска Македонија и Бугарија, бараше да се регистрира ОМО Илинден Пирин и да се исполнат пресудите од судот за човековите права во Стразбург.

Гласот за Régions et Peuples Solidaires е глас за Македонија и глас за почитување на човековото право на Македонците, но и за сите малцинства во Франција“, се вели во заедничкото соопштение на Млади за Македонија и неколку македонски здруженија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ