сабота, 27 јули 2024

Младеновска: Договорите за работа на 18 луѓе на Токсикологија се сметаат за непотпишани

Државниот санитарен и здравствен испекторат (ДСЗИ) извршил контрола на Клиниката за токсикологија во однос на договорите за работа при што констатирал дека договорите се со потпис од само еден директор.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Согласно законските одредби во однос на потпишувањето на акти, медицинскиот и организацискиот директор имаат заедничка надлежност и кај потпишувањето на договорите за вработување, отказни решенија, јавни набавки… Доколку овие акти се потпишани само од еден директор, согласно закон за здравствена заштита се сметаат за непотпишани, но, законодавецот не предвидел глоба по ова прашање“, изјави денеска директорката на ДСЗИ Рената Младеновска.

Најави дека за ова ќе го информираат министерот за здравство кој треба да одлучи понатаму во однос на валидноста на договорите за работа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ