петок, 17 мај 2024

Млад италијански фудбалер почина од срцев удар среде натпревар

Трагична вест од Италија, младиот фудбалер Матија Џани го загуби животот откако доживеал срцев удар за време на натпревар.

Објавено на

часот

Сподели

Страшниот момент се случил на меч од петтата италијанска лига. Откако Џани паднал, лекарските екипи веднаш реагирале, брзо бил однесен во болница, но не можеле да го спасат момчето.

„За жал, добив страшни вести. Матија не преживеа. Едвај можам да најдам зборови да ја опишам оваа трагедија. Голема болка. Можеме само да понудиме утешни зборови за семејството и клубот. Нека почива во мир“, се огласи градоначалникот на регионот Кастелфиорентина, Алесио Фалорни.

Матија Џани имаше само 26 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ