сабота, 27 јули 2024

Млад црнец пукал на полицајци во Чикаго, тие возвратиле со 96 куршуми за 41 секунда (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Четворица полицајци од Чикаго испукале речиси 100 пати во осомничен за помалку од една минута, откако тој отворил оган врз нив за време на сообраќајна контрола минатиот месец, се вели во извештајот на градската Канцеларија за цивилен надзор, објавен вчера.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Иако првичниот извештај на Цивилната канцеларија за полициска одговорност не донесе никакви заклучоци за однесувањето на полицајците, инцидентот најверојатно ќе предизвика нова дебата за употребата на сила од страна на полициските сили и расните односи во САД.

Инцидентот се случил на 21 март кога полицијата го запрела Афроамериканецот Декстер Рид (26) поради сомневање дека не носи појас. Рид не ги послушал наредбите на полицајците да ја отвори вратата од автомобилот и да не го затвора прозорецот, а потоа пукал во нив, ранувајќи еден од полицајците во зглоб.

Четворица полицајци возвратиле и наводно испукале 96 пати во период од 41 секунда. Рид бил прогласен мртов во болница. Комитетот, кој го прегледува секое полициско пукање во Чикаго, ги објави снимките од полициските камери заедно со својот извештај.

„Прегледот на видео снимката и првичните извештаи се чини дека потврдуваат дека Рид прв пукал, при што погодил полицаец, а четворицата полицајци возвратиле. Достапните прелиминарни докази, исто така, укажуваат дека полицајците возвратиле околу 96 пати во период од 41 секунда, вклучително и по излегувањето на Рид од возилото и кога паднал на земја“, се вели во извештајот.

Градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон, жали за загубата на уште еден Афроамериканец за време на средба со полицијата, но се воздржа од осуда, велејќи дека објавувањето на видеото е обид да се обезбеди транспарентност во истрагата.

„Како градоначалник и како татко кој се грижи за семејство, вклучително и за две црни момчиња на западната страна на Чикаго, крајно сум потиштен кога гледам како уште еден млад црнец го губи животот за време на интеракција со полицијата“, рече Џонсон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ