вторник, 21 јануари 2025

МКД.мк по огнениот забранет пат од Радовиш кон Неготино, се топи и асфалтот (ВИДЕО)

Силен оган беснее на многу места крај патот од Радовиш кон Неготино. Пеколно висока температура од распламтаните огнени јазици ги прерипнува „регуларните“ тропски 40 степени Целзиусови. Мирис на запалено дрво,  печење во очите, тешко дишење од чадот и високата температура. Камерата на фоторепортерот на МКД.мк Роберт Атанасовски ја сними ситуацијата.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

Тука не се вози. Опасно е. Асфалтот жеже под нозете и „меко“ се гази. Само пожарникари и полицајци, а во нивна придружба и нашиот фоторепортер „по службена должност“ имаа можност да го видат овој пекол во огнената земја блиску до Пепелиште и на потегот од неколку километри пред Неготино.

Полицијата и пожарникарите остануваат тука, нашиот Роберт – Роко продолжи на друго место, по пат да „црпне“ бензин на бензинска пумпа и да купи и наполни вода. Во овие недојдии не смее да се остане без бензин и без вода. Со полн резервоар имаш шанса да избегаш, а водата го хидрира организмот и ги мие очите.

Без друго се може.

П.Џ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ