сабота, 19 октомври 2024
Истрагата е во тек, ама информации за во јавност нема

Мизрахи го чека Собранието за Онкологија, тие неа, а ОЈО чека материјали од Анкетната комисија

Основното јавно обвинителство Скопје го побарало, но не го добило извештајот од Анкетната комисија која беше формирана за случувањата на Онкологија. Извештајот бил побаран на 19 декември, минатата година, но ниту по повеќе од еден месец не е испратен до Обвинителството. Од ОЈО Скопје за МКД.мк потврдуваат дека материјалите од собраниската Анкетна комисија не се пристигнати. Нашата редакција одговор за тоа кој треба да ги испрати овие материјали од сослушаните сведоци и разгледувањето на акти и документи поврзани со скандалот на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија побара и од кабинетот на претседателот Талат Џафери. Од таму ни беше одговорено дека тие немаат надлежност да испраќаат извештаи од комисии и дека тоа го прават претседателите на формираните комисии.

Објавено на

часот

Сподели

Ја побаравме и претседателката на Aнкетната комисија, Рашела Мизрахи која за МКД.мк ни изјави дека таа формално-правно нема ингеренции да го прати извештајот и дека тоа треба да го стори Собранието.

„Сите материјали со кои располагаме се во Собранието. Последната седница беше одржана на 29 ноември и јас формално-правно повеќе немам ингеренции да располагам со архивата. Тоа треба да го стори Собранието, односно претседателот на законодавниот дом“, вели за МКД.мк Мизрахи.

Обвинителството со официјален допис на 19 декември минатата година се обратило до Собранието со барање да им се достават сите материјали од одржаните седници на Анкетната комија. Мизрахи додава и дека ден потоа таа ги известила дека нема надлежност за да им ги прати материјалите.

Наспроти нејзината изјава, од Собранието ни одговорија дека тие нимаат никаква надлежнот за да ги испраќаат овие материјали и дека тоа ќе мора да го стори Мизрахи.

Додека траат објаснувањата Обвинителстовото чека извештај, а и вели дека се работи на истрагата за овој случај, но нема детали кои за сега можат да се споделат со јавноста.

Собранието на 5 септември минатата година го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се формира анкетна комисија за утврдување на одговорност за политичките и здравствените функционери по обелоденетиот скандал со криминал во Клиниката за онкологија и радиотерапија.

Во Анкетната комисија учествуваа 14 пратеници, од кои шест од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ, два од ДУИ и еден од Алијанса за Албанците. Анкетната комисија потоа има обврска да му поднесе конечен извештај на Собранието за еден месец од завршувањето на својата работа, а последната седница беше одржана на 29 ноември 2023 година.

Формирањето на Анкетната комисија беше напрево откако Јавното обвинителство отвори истрага по наводи за евентуално сторени кривични дела поврзани со третманот на пациенти и работата на Клиниката за онкологија.

Членови на Анкетната комисија се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – Антонијо Милошоски, Гордана Сиљановска-Давкова, Иванка Василевска, Љупчо Пренџов и Петар Ристески, пратеници од СДСМ и коалицијата – Даниела Маркоска, Ненад Коциќ, Мартин Костовски и Марија Георгиевска, пратениците Арбен Зибери и Бедри Фазли од ДУИ и Ремзи Мехмеди од Алијанса за Албанците.

За заменик-претседател на Комисијата беше избран Александар Вељановски од ВМРО-ДПМНЕ, а за заменик-членови Дајанчо Ефтимов, Дафина Стојаноска, Драган Ковачки, Тони Јаревски, Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Талевски, Маја Морачанин, Бети Рабаџиевска Наумовска и Соња Мираковска од СДСМ и коалицијата, Бајрам Кадрија и Берат Ајдари од ДУИ и Артина Казими од Алијанса за Албанците.

До сега во јавноста детали за истрагата за случајот со Онкологија нема бидејќи, како што велат од ОЈО Скопје тоа може да ѝ штети на истрагата.

„По насоки на Основното јавно обвинителство Скопје, со обезбедена судска наредба, од страна на МВР се преземаат дејствија во предистражна постапка за обезбедување докази кои ќе бидат предмет на анализи и вештачење со цел да се испитаат евентуални обележја на кривично дело“, соопштија од Обвинителството минатата година во септември.

Според пишувањата на Фокус на Онкологија се краделе лекови и терапија од пацинетите болни од рок, а потоа скапата терапија се продавала на црниот пазар.

                                                                                              К. Додевска 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ