сабота, 27 јули 2024
Изјава на градоначалникот на Сарај

Мизерија од Груби, поликлиниката е главниот дел од мојата програма, реагира „огнениот“ Беџети

Објавено на

часот

Сподели

„Навистина е жално да се види како некој со ентузијазам промовира проект без да понудил каков било придонес за него. Поликлиниката во Сарај беше очајна потреба на жителите на Општината и тоа беше едно од нашите главни ветувања на локалните избори во 2017 година и на оние од 2021 година, тоа беше приоритетен проект во мојата предизборна програма, проект кој денес го промовираат, а во минатото ми го саботираа, спротивставувајќи се на мојата кандидатура.

По мојот избор за градоначалник, заедно со општинската администрација се обврзавме да го ревитализираме проектот на поликлиниката и во соработка со сите институции, интензивно работевме на завршување на најважната фаза, за конечно, по сите одложувања и уназадувања, да започнат градежните работи и овој проект да стане реалност“, вели градоначалникот Беџети во пораката за јавноста упатена преку неговиот фејсбук профил.

Изет Меџити, кој заедно со Беџети и градоначалникот на Чаир Висар Ганиу, се носечкиот скопски столб на фракцијата, во изјава за Алсат, како коментар на вчерашното соопштение на ДУИ од Мала Речица со кое јавноста беше известена дека фракционерите „се самоповлекле“ од партијата, вели дека тие остануваат во ДУИ како фракција и ќе се борат за демократски вреднисти.

„Сите сме избрани на редовен партиски конгрес, низ редовна процедура, избрани сме на раководни позиции во генералниот совет и затоа одлуки во врска со тоа би морале да направат низ демократска процедура. Треба да го свикаат Советот или на вонреден Конгрес да се одлучи како точка на дневен ред дека ние што придонесуваме 20 години за ДУИ, сега не размислувааме со здрав разум и да предложат да нè разрешат. Како и да е, мора да се каже кој член од статутот го прекршивме“, рече Меџити.

Тој уште забележува дека лидерот на ДУИ Али Ахмети паднал на многу ниско ниво кога може, како што рече, да трпи улгимзгум од „еден Стојанче Ангелов“ и неговото Достоинство кое нема ниту еден пратеник во врска со права на македонски бранители, само заради СДСМ.

„Сè ова говори дека ДУИ е заробена од диво месо и платеници, узурпатори кои се таму за интереси и функции“, вели Меџити.

Инаку, во посета на реновираниот и подновен објект на поликлиниката во Сарај денеска беа високиот функционер на ДУИ Артан Груби заедно со новоназначениот координатор за огранокот од таа Општина Рафис Алити. Посетата беше така организирана што се доби впечаток дека партиска делегација врши надзор над јавна институција како своја заслуга, иако ниту пари ниту други средства не се дадени од партијата.

                                                                                                                                                 П.Џ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ