По црвениот картон на Александар Митровиќ на Олд Трафорд, медиумите од Англија пишуваа дека од Србинот ќе биде направен пример и ќе му биде доделена драконска казна за недоличното однесување.
Фудбалската асоцијација попладнево ја соопшти казната, и прогнозите горе-долу се остварија.
Александар Митровиќ доби осум натпревари суспензија, три за црвениот картон, додатни три за насилно однесување и два додатни за навреди и закани кон судијата.
Србинот ќе треба да плати и глоба од 75.000 фунти.
Напаѓачот веќе одработи еден натпревар, а ќе биде надвор од комбинација до самиот крај на сезоната и дуелот против Саутемптон на 13. мај.