недела, 19 мај 2024

Митрополитите Петар од МПЦ и Јован од Корчанската митрополија заедно ќе богослужат во црквата во Пустец

Во црквата Свети Архангел и  Михаил во Пустец, Албанија, набрзо заедничка богослужба треба да одржат митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор австралиски и новозеландски г. Петар и корчанскиот митрополит Јован.

Објавено на

часот

Сподели

Ова е договорено на велигденската средба во седиштето на Митрополијата на Корча, помеѓу лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ Васил Стерјовски и митрополитот Јован.

„Во Корчанската митрополија бев на традиционалната посета по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. На митрополит Јован му го честитав празникот и му посакав добро здравје, радост, мир и спокојство. На средбата меѓу другото се договоривме за заедничка богослужба во црквата во Пустец на митрополитите Петар и Јован“, информираше Стерјовски за МИА.

Од негово и од име на партијата и Македонците, тој упатил честитка и до сите верници кои го слават празникот, посакувајќи им многу здравје, среќа, благосостојба.

„Исто така, со корчанскиот митрополит Јован разговаравме и за состојбата со македонските верници и со верските објекти во Мала Преспа и единствениот манастир во ова подрачје Света Марина во Туминец, каде со благослов на митрополитот Јован и донации на Македонците од Канада е изградена камбанарија, што на манастирот му недостигаше“, рече тој.

На средбата Стерјовски бил придружуван од Атанас Плоча, заменик градоначалник на општина Пустец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ