вторник, 7 јануари 2025

Митрополит Јосиф: Свети Наум е од исклучително значење за Македонците и за духовниот живот кај нас

Денеска, 5 јануари, МПЦ-ОА го празнува споменот на Св. Наум Охридски, во истоимениот манастир на Попова Шапка. Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше Света литургија со свештеници од Тетовско-гостиварската епархија.

Објавено на

часот

Сподели

По литургијата беа благословени и прережани кумските лебови. На литургијата присуствуваа премиерот на Македонија Христијан Мицкоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска,  директорката на КОВЗРГ Оливера Трајковска, како и пратеници од македонското собрание.

Со свое слово-проповед се обрати митрополитот г. Јосиф, кој меѓудругото нагласи:
„Денес сме собрани во овој свет манастир на Попова Шапка посветен на денешниот празник, за да го одбележиме споменот на Свети Наум – охридскиот чудотворец, да го прославиме достојно празникот на овој наш семакедонски светител, кој е наш  постојан молитвеник пред Бога. Делото и животот на овој божји угодник се длабоко вткаени во духовно-просветниот живот на нашата Македонија. Како основач на монаштвото на нашите простори, тој длабоко го поставил темелот на Христовата вера кај нас. Свети Наум е од исклучително значење за Македонците и за духовниот живот кај нас, но исто така, неговата просветителска дејност претставува универзална придобивка за сите словенски и воопшто за сите христијански народи во светот. Тој како просветител се трудел да ги научи луѓето на евангелските морални принципи, бидејќи знаел дека многу гревови извираат од човечките незнаења. И тогаш како и денес, најголем проблем и извор на злото било незнаењето, кое води до помраченост на умот. Последиците од помраченоста на умот се големи и погубни и за нашето општество. Тие започнуваат од неправилен начин на живеење, па водат се до воведување на нови и туѓи наметнати ‘вредности’, под слоганот на таканаречената демократија. Затоа, како православни верници да бидиме постојано трезвени и будни, да ги почитуваме вистинските вредности, кои како наследство ни ги оставил во аманет нашиот денешен славеник, великиот Наум“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ