сабота, 27 јули 2024

Митревски се враќа во Битола, потпиша двегодишен договор со Пелистер

Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски потпиша двегодишен договор со Пелистер, тој се враќа во Битола по четири сезони поминати во Порто.

Објавено на

часот

Сподели

Пелистер денеска го претстави новото големо засилување за наредната сезона, македонскиот голман, Никола Митревски.

„Ни претставува задоволство што капитенот на македонската репрезентација, Никола Митревски, повторно е наш член. Митревски се враќа во својот матичен клуб и ќе го поведе нашиот тим во следните две сезони“, стои во објавата на Пелистер.

Ова ќе биде трета епизода на Митревски во Пелистер. Таму ја почна кариерата во 2005 година, тогаш се задржа до 2007 кога се пресели во Вардар. Бранеше за битолскиот тим и во сезоната 2019/20 од каде премина во Порто и по четири години се враќа дома.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ