сабота, 27 јули 2024

Митревски: Се подготвуваме за победа против Швајцарија

Голманот на македонската репрезентација, Никола Митревски вели дека Швајцарија е силна репрезентација, но можеме да се носиме со нив.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија утре го има последниот настап на Европското првенство во Германија, противник ни е селекцијата на Швајцарија кој се покажа во одлично издание против Франција со која одигра нерешено.

„Се подготвуваме за победа против Швајцарија, иако знаеме со каков квалитет располагаат бидејќи голем дел од нивните ракометари се дел од Бундеслигата. Имаме еден ден да се подготвиме и да промениме нешто од претходните натпревари. Имаме квалитет и можеме да се носиме со Швајцарија повеќе отколку со Франција и Германија“, вели Митревски.

„Доколку нападот не функционира, а противникот има контри и полу-контри секогаш е потешко да се брани, отколку кога имате поставен напад и одбрана. Мислам дека не бевме лоши ‘шест на шест’, но не бевме добри во враќање во одбрана и спречување на контри против Франција и Германија. Овој натпревар има резултатско значење за тоа кој ќе заврши трет со оглед на баражот за Светско првенство. Сакаме да го добиеме овој натпревар, исто како што сакавме и претходните два, но квалитетот беше на нивна страна. Утре повторно ќе дадаме максимум, па ќе видиме дали тоа ќе биде доволно. Мислам дека не сме изморени за да има голема разлика, иако е трет меч во групата. Можеби во минатото било поинаку, но сега имавме повеќе слободни денови меѓу првиот и вториот натпревар и мислам дека ќе бидеме физички подготвени“.

Од Берлин за МКД.мк
Ристе Ѓорѓиевски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ