Македонија и Австрија одиграа исклучително изедначен натпревар во кој со гол на Кузмановски во последната секунда дојдовме до реми 29-29.
„На крајот извлековме реми. Натпреварот беше изедначен во сите 60 минути. Се играше гол за гол, на крајот тие дадоа на 4 секунди до крајот, ние можеби на 4 стотинки. Најреално. Во првиот дел имавме 2-3 пати водство и од три разлика, не успеавме да го задржиме. Имавме шанси да победиме. Во вториот дел го презедовме повторно водството, тие израмнуваа. На крај поведоа, ние израмнивме и тоа е тоа“, рече голманот Никола Митревски.
„Одиме напред, се развиваме, овие момци не се толку млади, не се неискусни. Знаат да играат на резултат, некогаш треба и малку среќа. На следното првенство ќе бидеме уште подобри“.
Следниот натпревар на Македонија е против Катар во четврток од 15:30 часот.