Македонија со 37-32 загуби од Холандија, нашите ракометари направија повеќе технички грешки, имаа падови за разлика од мечот против Унгарија, тоа го искористи противникот и дојде до триумф.
„Одигравме тежок натпревар каде што беше тешко да се гледа, а уште потешко да се игра. Направивме многу технички грешки во напад, кои беа искористени од Холандија. Пред крајот на првото полувреме избегаа на три-четири гола разлика и ја одржуваа предноста до крајот на натпреварот. Треба да го добиеме натпреварот против Гвинеја в недела, а потоа нè очекуваат уште три меча“, кажа Митревски.
Македонија следниот меч го игра против Гвинеја во недела од 18 часот, со победа одиме во следната фаза на Светското првенство.